Ќе се модернизира производството на пченка во Македонија

Bez autora
May 08 2013

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси започна иницијатива "Расти повеќе пченка", како прв чекор кон модернизирање на производството на пченка во Македонија. Иницијативата има за цел да го поттикне економскиот развој во полошкиот регион, преку помагање на малите земјоделци да ги зголемат нивните приноси на пченка преку воведување поефикасни технологии и земјоделски практики. Во седиштето на живинарската фарма "Везе Шари" во Требош, опитното поле со пченка го посетија заменик-амбасадорот на САД во Македонија, Брајан Агелер, генералниот директор на "Везе Шари", Арбен Абдурахмани, неколкумина градоначалници, фармери и експерти.

Ќе се модернизира производството на пченка во МакедонијаПроектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси започна иницијатива "Расти повеќе пченка", како прв чекор кон модернизирање на производството на пченка во Македонија.

Иницијативата има за цел да го поттикне економскиот развој во полошкиот регион, преку помагање на малите земјоделци да ги зголемат нивните приноси на пченка преку воведување поефикасни технологии и земјоделски практики.

Во седиштето на живинарската фарма "Везе Шари" во Требош, опитното поле со пченка го посетија заменик-амбасадорот на САД во Македонија, Брајан Агелер, генералниот директор на "Везе Шари", Арбен Абдурахмани, неколкумина градоначалници, фармери и експерти.

- Американскиот народ го финансира поставувањето на системи за "капка-по-капка" на 16 опитни полиња со пченка, вклучувајќи ги и оние кои ги видовме во "Везе Шари" и "Моша Пијаде", за да демонстрираме дека малите фарми можат да бидат попрофитабилни преку инвестирање во нови технологии и следење на добрите земјоделски практики. Дополнително, се надеваме дека ќе додадеме вредност и во други поврзани индустрии, како млечната и живинарската индустрија кои зависат од пченката за прехрана на животните - изјави заменик-амбасадорот на САД во Македонија, Брајан Агелер.

Проектот ќе финансира набавување на високоприносни сорти на пченка за дополнителни 28 полиња во полошкиот регион. Други фармери ќе можат да ги посетат овие опитни полиња за да научат како да ги зголемат приносите преку користење на истиот пристап во нивните мали бизниси. Во текот на наредните две години Проектот ќе ја зголеми бројката на фармери вклучени во иницијативата "Расти повеќе пченка".

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik